Erkan Avci
06 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД ) Барак Обама, изјави дека радикалите нема да може да ја тероризираат неговата земја, јавува Anadolu Agency (АА).
Обама, во своето неделно радио обраќање се осврна на вооружениот напад на забавата во Калифорнија во која се убиени најмалку 14, а ранети 17 лица.
Рече дека се свесни дека терористичката организација ДАЕШ во своите редови сака да привлече поддржувачи на насилството кои делуваат ширум светот, но и во САД.
„Постои голема можност двајцата извршители на последниот терористички чин да биле радикали“, рече Обама.
Подвлече дека Владата, силите за безбедност, општеството и верските претставници заедно треба да се борат против тероризмот.
„Ние сме силни, ние сме упорни. Нас нема да може да не тероризираат“, рече Обама.
Двајца напаѓачи со црни маски, пред три дена упаднаа на локална забава во Калифорнија и по случаен избор пукаа со пушки во гостите. Четири часа по нападот, полицијата го откри автомобилот со кој напаѓачите пристигнале на местото на настанот, го нашле во соседниот град Редландс.
При размената на оган со полицијата осомничениот пар е убиен а третото лице е уапсено.
Шефот на полицијата во Сан Бернардино изјави дека сè уште не постои информација врз база на која би можело овој случај да се окарактеризира како терористички и додаде дека истрагата е во тек.
Американскиот претседател Барак Обама, тогаш остро го осуди нападот и им изрази сочуство на семејствата на загинатите.