Ekip
14 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
ПАМПЛОНА (АА) - Шпанските медицински службеници соопштија дека во последната, воедно и најбрзата овогодишна трка со бикови на фестивалот „Сан Фермин“ во Памплона, биле повредени шест лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Томас Белзунеги, портпаролот на болницата во Навари, изјави дека во денешната трка, со модрици се здобиле шест лица, откако биле нагазнати од бикови.
Трката долга 850 метри заврши во времето на 2 минути и 12 секунди, што е најбрзо на овогодишниот фестивал.
Стотици лица ја тестираа својата итрина и храброст, неколку дена по ред во трките со осум бика. Оваа година во трките на „Сан Фермин“ се повредени 28 лица, главно, полесно.
Добитникот на Нобеловата награда за книжевност, Ернест Хемингвеј, го прослави деветодневниот фестивал „Сан Мартин“ во Памплона во своето дело „И Сонцето изгрева“.