Gorana Jakovljevic
06 Март 2024•Ажурирај: 07 Март 2024
ГАЗА (АА) - Палестинците во Газа, кои не можат да ги задоволат основните потреби бидејќи Израел, обвинет за геноцид, ја попречува испораката на хуманитарна помош, добија вреќи со брашно, јавува Анадолу.
Камионот со помош што пристигна на улицата Ал-Рашид во западниот дел на градот Газа беше брзо испразнет, а Палестинците соочени со глад брзаа да ги земат вреќите и да ги прехранат своите семејства.
Израел, обвинет за геноцид, започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, кога загинаа 30.717, а беа ранети 72.156 Палестинци.
По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република на 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Сепак, нападите продолжуваат со ненамалено темпо, а испораката на помош и натаму е недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.