Awad Rjoob,Ali Semerci
27 Февруари 2025•Ажурирај: 01 Март 2025
РАМАЛА (АА) - Палестинските затвореници што ги ослободи Израел топло пречекани од нивните семејства и народот што ги чекаше во окупираниот град Рамала на Западниот Брег, известува Анадолу.
Автобусот со палестински затвореници ослободени од израелскиот воен затвор „Офер“ пристигна во Палатата на културата во Рамала, придружуван од тимови на Меѓународниот црвен крст.
Автобусот со затворениците беше топло пречекан од нивните семејства и народот што ги чекаше.
Емотивни моменти беа доживеани кога палестинските затвореници излегуваа од автобусот и ги гушкаа своите семејства и најблиски.
Некои од затворениците, кои изгледале исцрпено, биле пренесени во болница.
Гувернерката на Рамала и Ал Бирех, Лејла Ганим, за време на пречекот на заробениците за медиумите изјави дека израелската армија ги ослободила палестинските заробеници „облечени во облека со расистички и провокативни изјави, но била заменета со алтернативна облека“.
Ганим рече дека затворениците кажале дека имаат кожни болести и дека некои од нив сакале да направат здравствени контроли.