Ekipa
15 Септември 2022•Ажурирај: 17 Септември 2022
РАМАЛА (АА) - Седумнаесетгодишно палестинско момче е застрелано денеска од огнено оружје од страна на Израелската армија на окупираниот Западен Брег, објавија локалните медиуми во четвртокот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Висам Бакр, директорот на болницата „Халил Сулејман“ во Џенин, рече дека тинејџерот починал откако бил застрелан во главата“, објави државната палестинска новинска агенција ВАФА.
„Во градот Кефр Дан, западно од Џенин, израелските сили извршија рација во домовите на двајца Палестинци кои претходно беа застрелани и убиени од Израелската армија“, објави новинската агенција.
Се додава дека се случиле жестоки конфронтации помеѓу младината и окупаторските сили кои испукале куршуми кон нив, што довело до смртта на тинејџерот Салах, додека тројца се повредени.