свет

Палестински деца на Западниот Брег протестираа против израелските напади

- Децата се собраа на плоштадот во градот Тулкарм за да протестираат против тековните напади на Израел врз неколку области во окупираниот Западен Брег и бегалскиот камп Нур Шамс.

Aida Cako  | 21.07.2025 - Обновена : 22.07.2025
Палестински деца на Западниот Брег протестираа против израелските напади

СКОПЈЕ (АА) - Група палестински деца протестираа на Западниот Брег, барајќи прекин на израелските напади, јавува Анадолу.

Децата се собраа на плоштадот „Џамал Абдунасир“ во градот Тулкарм за да протестираат против тековните напади на Израел врз неколку области во окупираниот Западен Брег и бегалскиот камп Нур Шамс.

Од почетокот на геноцидната војна на Израел врз Газа, речиси 1.000 Палестинци се убиени, а повеќе од 7.000 повредени на Западниот Брег од страна на израелските сили и нелегалните доселеници, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Меѓународниот суд на правдата ја прогласи израелската окупација на палестинската територија за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.