Hosni Nedim,Ali Semerci
21 Декември 2024•Ажурирај: 23 Декември 2024
Еден Палестинец е убиен, а голем број се повредени кога израелската армија нападна куќа во центарот на Газа, известува Анадолу.
Според информациите добиени од здравствените власти, израелската војска ракетирала куќа во Газа. Во нападот е убиен еден Палестинец, а голем број се повредени.
Очевидци изјавија дека нападот бил извршен со беспилотно летало.
Додека израелските артилериски единици интензивно ги гранатирала населбите Сабра и Тел ал-Хава во Газа, во областа Сафтави со пукотници било проследено движењето на израелски воени возила.
Израелската армија бомбардирала и многу подрачја во северниот дел на Газа.
Во централниот дел на Појасот Газа, израелската морнарица го гранатирала бегалскиот камп Нусајрат кој гледа кон морето, додека северните подрачја на бегалскиот камп Бурејџ биле под наизменичен артилериски оган.
Цел на копнени напади бил и градот Рафа на југот на Појасот Газа, каде израелската армија од воздух по слободен избор го ракетирала источниот дел на градот, а во населбата Џенин ги бомбардирала зградите.