Ekipa
12 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
РАМАЛА (АА) - Палестина го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да ги преземе своите одговорности за да запрат ископувањата на Израел во комлексот на џамијата „Ал Акса“ во Ерусалим, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестинското Министерство за надворешни работи и иселеници вчера го соопшти ова во врска со наводите за израелските ископувања во Sидот „Ал Бурак“ - западен ѕид, во близина на мостот „Муграби“ што води до џамијата „Ал Акса“, која е под контрола на Израел од нејзината окупација во 1967 година.
Во соопштението Министерството најстрого ги осудува овие ископувања и ги смета за продолжување на израелските планови за јудаизација на џамијата „Ал Акса“ и нејзината околина.
Министерството ги смета овие ископувања како флагрантно кршење на релевантните резолуции на ОН.
Одделот за донации на Ерусалим во неделата предупреди на тековниот проект „Јудаизација на Ѕидот Ал Бурак“.
Во соопштението, Одделот рече дека „со голема загриженост ги следат тековните активности на ископување на плоштадот Ал Бурак и во близина на мостот Муграби [западниот ѕид на Ал Акса]“.
Од своја страна, Вишиот претседателски комитет за прашања на црквите во Палестина предупреди на опасностите од спроведувањето на проектот за јудаизација насочен кон идентитетот, историјата и одликите на Стариот Град во Источен Ерусалим.
Претходно, Јордан побара Израел веднаш да ги запре ископувањата кај ѕидот Ал Бурак.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Јордан, Даифалах Ал Фајез, соопшти дека израелските власти мора веднаш да запрат со тековната работа на Ѕидот „Ал Бурак“.
Од неговата окупација во 1967 година, Ерусалим е подложен на интензивни операции за јудаизација, при што последователните израелски влади работеа на интензивирање на активностите за населување и раселување на Палестинците од Ерусалим во спротивност со меѓународните резолуции.