Emre Aytekin
27 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - По настанатите тензии со Индија, Пакистан целосно го затвори својот воздушен простор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Управата за цивилна авијација на Пакистан, воздушниот простор на оваа земја е целосно затворен за сите летови.
Инаку, пред две недели почнаа да се зголемуваат тензиите меѓу Индија и Пакистан.
Во бомбашкиот напад извршен на 14 февруари врз паравоен конвој во Индија, загинаа 44 војници, додека 20 војници беа ранети.
Администрацијата на Њу Делхи го обвини Пакистан поради овој напад, додека Пакистан го негираше ова обвинување и го осуди извршениот напад.
Индија на 26 февруари изврши воздушен напад врз еден камп на организацијата Џејш-и Мухамед, кој се наоѓа на пакистанската страна на Контролната линија на Кашмир.
Тензиите меѓу двете земји изутрина се претворија во воен судир.
Пакистан сруши два индиски воени авиона со образложение дека го нарушиле воздушниот простор на Пакистан. Исто така, пакистанските авиони влегоа во воздушниот простор на Индија.
Индиските медиумите соопштија дека индиската Војска срушила еден авион на Пакистан од типот „Ф-16“.
Индија соопшти дека аеродромите во Сринагар, Џаму и Лех, аеродромот „Чандигарх“ во покраините Харјана и Пенџап, како и аеродромите во Амритсар, кој се наоѓа во покраината Пенџап, се затворени за сите цивилни летови.
Од друга страна, според вестите на медиумите од овој регион, цивилните авиони кои требало да ги користат воздушните простори на Пакистан и Индија, или се вратиле во аеродромот од каде што полетале, или се насочиле кон алтернативни рути.
Пред судирот, од 14 февруари досега, Пакистан и Индија информираа бројни земји, меѓу кои и Турција.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, реализираше чести телефонски разговори со неговиот пакистански колега, на коишто упати препорака за трезвеност.