Gorana Jakovljevic
13 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
РАВАЛПИНДИ (АА) - Монсунските дождови во Пакистан продолжија да го загорчуваат животот на населението во многу поплавени градови, меѓу кои е и градот Равалпинди во покраината Пенџаб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во овој град се поплавени улиците, автомобилите се блокирани со вода, а некои жители се обидуваат да се движат со автомобили, мотори и пеш.
Според податоците на Министерството за животна средина и климатски промени на Пакистан, во текот на оваа монсунска сезона паднало повеќе од 87 отсто повеќе дожд од минатата година.
Најлошо се погодени југозападната покраина Белуџистан и северниот регион Гилгит-Балтистан, каде што минатата недела дождовите и силните поплави ги уништија мостовите и куќите, предизвикаа одрони и ги отсекоа градовите и селата од остатокот од земјата.
Во Пакистан, од 11 јуни до 11 јули, во несреќите до кои дојде поради обилните дождови починаа 147 лица, меѓу кои 88 жени и деца.
Метеоролозите најавуваат дека дождовите ќе продолжат до 19 јуни.