Zehra Ulucak
21 Јануари 2017•Ажурирај: 21 Јануари 2017
ИСЛАМАБАД - Пакистан го предаде индискиот војник кој беше фатен во септември при премин во Пакистан од Каму Кешмир во својата држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Пакистан, индискиот војник, Чанду Бабулал Чохан, избегал од работното место бидејќи неговите нагледжни го малтретирале и преминал во Пакистан.
Во соопштението се вели дека пакистанската влада го убедила Чохан за да се врати во Индија, и тој на граничниот премин Вахга бил предаден на индиските службеници.
Седумдесет илјади луѓе се убиени во насилните настани во спорот Кешмир. Се работи за спор помеѓу Индија и Пакистан од 1947 година кога овие држави станаа независни од Англија.
Бунтовничките групи во Каму Кешмир од 1989 година спроведуваат активности за независност на регионот или спојување со Пакистан.