Zehra Ulucak
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
ПЕШАВАР (АА) - Триесет лица ги загубија своите животи во поплавите во областа Читрал во северниот дел на Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во полавите под влијание на силните монсунски дождови голем број од куќите и една џамија во областа Читрал се поплавени, наведува градоначалникот на Општината Читрал, Магфират Шах.
Според Шах, лошите временски услови го отежнуваат активностите за спасување во областа, каде што веќе е извршена идентификација на телата на жртвите.
Портпаролот на Одборот за справување со кризи, Јусуф Зија, изјави дека спасувачките екипи успеале да пронајдат седум човечки тела во џамијата, која била поплавена од силниот воден протек.
„Поради отежнатите услови за претрага и спасување низ полавените улици, во областа бил испратен хеликоптер”, истакна Зија.
Триесет лица ги загубија своите животи, голем број од куќите и земјиштето беа под вода, срушни беа и неколку дрвени мостови, како резултат на силната поплава која ја зафати планинската област Читрал во Пакистан и минатата година во месец јули.