Elena Teslova
13 Април 2024•Ажурирај: 14 Април 2024
МОСКВА (АА) - Најмалку осум лица загинаа, а 20 се повредени во нападот на Украина врз станбен кварт во регионот Запорожје, пренесува Анадолу.
Во нападот во текот на ноќта уништена е станбена зграда во градот Токмак, кој се наоѓа во делот на регионот што е под контрола на Русија, соопшти руската државна новинска агенција ТАСС.
Спасувачките операции продолжуваат, а повеќе луѓе можно е да бидат извлечени од урнатините, се вели во соопштението.
Нападот го оштети и системот за снабдување со гас, оставајќи девет станбени згради и 25 приватни куќи без пристап до гас, се вели во веста.
Украина се нема огласено во врска со нападот.