Ekip
16 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Ослободена е група на цивили кои беа заробени од терористичките групи лојални на режимот на сирискиот режим, Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за цивили кои биле во конвојот за евакуација од источен Алепо кој е под окупација.
Како последица на оганот до кој дојде за време на земање за заложници на цивилите од Алепо, загинаа 14 лица. Станува збор за цивили кои биле во конвојот кој требаше да ги пренесе ранетите и болните од источен Алепо до безбедно подрачје, во овој случај Идлиб.
Конвојот со цивили се врати во окупираното подрачје.
Потсетуваме дека страните на терористичките групи локални на режимот Башар ал Асад го спречија конвојот за евакуација, кој тргна од источен Алепо и зароби стотици лица.