Betül Yürük
19 Јули 2019•Ажурирај: 20 Јули 2019
ПЕНСИЛВАНИЈА (AA) - Ослободен е поранешниот заменик генерален директор на „Халк Банк“, Мехмет Хакан Атила, кој во САД беше обвинет во случајот во врска со санкциите кон Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Атила беше задржан во затворот ФКИ „Скулкил“, кој се наоѓа во американската сојузна држава Пенсилванија.
Властите потврдија за новинарите на АА, кои отидоа во затворот, дека Атила во утринските часови бил пуштен на слобода.
Се вели дека по ослободувањето, Атила ќе биде пренесен во Бирото за мигранти, од каде што ќе биде однесен во Турција.
Инаку, на Атила кој беше обвинет во случајот во врска со санкциите кон Иран, му беше изречена затворска казна од 32 години.