Satuk Buğra Kutlugün
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
АЗАЗ (АА) - Вооружените сили на Турција и припадниците на Слободната војска на Сирија во рамките на операцијата „Маслинова гранка”, од припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК ослободија села западно од Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што известуваат новинарите на АА од регионот, турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија продолжија со акцијата за ослободување на околните подрачја околу Африн, и во тие рамки од рацете на терористите на ПЈД/ПКК ги ослободија селата Долна и Горна Хеџика и Дервиш Убаши.
Во исто време, Слободната војска на Сирија, за време на операцијата, во селото Горна Хеџика жива е фатена една жена терористка.

Борците на Слободната војска на Сирија, на исплашената жена терористика, како што може да се види на фотографиите, и дадоа вода.
Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија во околината на Африн ослободија вкупно 68 точки, меѓу кои 47 села и значајни стратешки ридови и планини.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со правото на Турција засновано врз меѓунаародното право и резолуциите на Обединетите нации, особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51. од договорот на ОН, односно „правото на самоодбрана“. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите приврзани на режимот на претседателот на Сирија Башар ал-Асад во јули 2012 година без судири им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Потоа, Африн стана еден од главните центри на терористичката организација.
Терористите на ПЈД/ПКК во моментов под окупација држат околу 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 до 10 илјади терористи.
ПЈД/ПКК претставува сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и европската унија. ПКК уште од средината на 80 години на минатиот век води терористичка кампања против Турција.