Ekipa
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
МИНХЕН (AA) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, предупреди дека Техеран ќе одговори ако САД го напуштат нуклеарниот договор од 2015 година, потпишан од шест светски сили за лимитирање на спорната нуклеарна програма, јавува Anadolu Agency (AA).
Зариф тоа го изјави по тврдењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Иран нема да стори ништо ако САД го напуштаат договорот.
„Тоа е заблуда. Можам да ве уверам дека доколку иранските интереси не бидат осигурани, Иран сериозно ќе одговори и верувам дека тоа ќе биде одговор после кој некои луѓе би жалеле поради превземањето погрешни потези", рече Зариф на Конференцијата за безбедност во Минхен.
Тој додаде дека Иран нема да биде оној кој прво ќе го прекрши договорот.