Handan Kazancı
30 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, Филипо Гранди, денеска изјави дека од избивањето на војната Украина ја напуштиле 4 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сега има 4 милиони бегалци од Украина, пет недели по почетокот на рускиот напад“, напиша Гранди на Твитер.
Тој истакна дека пристигнал во Украина.
„Во Лавов со властите, ОН и другите партнери ќе разговарам за начините за зголемување на поддршката за раселените и погодени од оваа бесмислена војна“, додаде Гранди.
Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, наиде на остри реакции кај меѓународната заедница, а Европската Унија, САД и Велика Британија, меѓу останатите, применуваат строги економски санкции за Москва. Стотици светски компании ја прекинаа работата во Русија.
Најмалку 1.179 цивили загинаа, а 1.860 се ранети, според проценките на Обединетите нации, од каде нагласија дека вистинската бројка е веројатно многу поголема.