Handan Kazancı
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ЊУЈОРК (AA) - Обединетите нации (ОН) изразија загриженост за повеќе од 50.000 луѓе заглавени на сириската јужна граница со Јордан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во нивното соопштение се наведува дека регионот каде што се наоѓаат бегалците, повеќето од нив жени и деца, е несигурен бидејќи е под закана од воздушни напади од Јордан, кој се бори против припадниците на терористичката организација ДЕАШ.
Се наведува дека околу 4.000 луѓе во близина на граничниот премин Хадалат престојуваат на отворено, без какви било услови.
Јордан дели 375 километри долга граница со Сирија, која од 2011 година е зафатена со граѓанска војна.
Во соседен Јордан престојуваат околу 1,3 милиони сириски бегалци.