Betül Yürük
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Норвешкиот дипломат Еспен Барт Еиде поднесе оставка како специјален пратеник на генералниот секретар на ОН во Кипар, јавува Anadolu Agency (AА).
Во соопштението на Генералниот секретаријат на ОН се наведува дека Еиде бара разрешување од функцијата поради намерата да се кандидира на претстојните парламентарни избори во Норвешка.
Во текот на 27 месеци на функцијата специјален пратеник, Еиде посредуваше во преговорите за решавање на кипарското прашање, а генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја пофали неговата работа.
„Еиде помогна за повеќе од кога било претходно да се приближиме до трајно решение за кипарската криза“, изјави Гутереш.
Норвешкиот дипломат Еиде на 3 август одржа проштални средби со лидерите на поделениот Кипар, Мустафа Aкинџи и Никос Анастасијадис, а потоа се врати во Норвешка.