свет

ОН со предупредување дека помошта за Етиопија може да престане

- ОН предупредија дека доколку не стига хуманитарна помош, гориво и пари, нејзините агенции и организациите за хуманитарна помош ќе мораат да ги прекинат операции во регионот Тиграј во Етиопија, каде веќе една година владее граѓанска војна

Ayşe Doğru  | 07.01.2022 - Обновена : 10.01.2022
ОН со предупредување дека помошта за Етиопија може да престане

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА)

Обединетите нации (ОН) предупредија дека агенциите на ОН и организациите за хуманитарна помош ќе мораат да ги прекинат своите операции во регионот Тиграј во Етиопија, каде што Граѓанската војна продолжува повеќе од една година, доколку не стига хуманитарна помош, гориво и пари, пренесува Агенција Анадолија.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ, истакнувајќи дека од 15 декември во Тиграј не влегле камиони со храна и други средства за помош, рече дека хуманитарната ситуација во регионот продолжува да се влошува.

Нагласувајќи дека 100 камиони хуманитарна помош мора да влегуваат во Тиграј секој ден за да се задоволат потребите на 5,2 милиони од 6 милиони луѓе во регионот, Дујариќ истакна дека од 12 јули до денес 1.338 камиони хуманитарна помош влегле во регионот, а тоа одговараат на само 12 отсто од потребата.

Стефан Дујариќ изјави дека од 3 јануари на партнерските хуманитарни организации на ОН кои работат во регионот им останале само 10.000 литри гориво, а за испорака на помош во храна во градот Мекеле им требаат 60.000 литри гориво.

„Без готовина, Обединетите нации не можат да купуваат локални резерви за храна и да го платат својот локален персонал. Без гориво, не можеме да движиме камиони што ќе испорачуваат храна, не можеме да стигнеме до места каде што треба да процениме кои се тамо потребите“, рече Дујариќ, додавајќи дека недостигот на гориво ја ограничува нивната мобилност.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН подвлече дека ги повикал сите страни во Граѓанската војна да дозволат непречен и долгорочен пристап до Тиграј, Амхара и Афар.

Поради конфликтите што започнаа на северот на земјата повеќе од пред една година раселени се приближно 2,5 милиони луѓе, а на речиси 6 милиони луѓе во регионот им е потребна итна помош.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.