свет

ОН: Речиси половина милион лица се раселени во Газа поради интензивираните израелски напади

- Повикувајќи се на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA), портпаролот на ОН, Фархан Хак, на прес-конференција изјави дека „израелските операции, вклучувајќи гранатирање и воздушни напади, продолжиле низ целиот Појас Газа“.

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 30.09.2025 - Обновена : 30.09.2025
ОН: Речиси половина милион лица се раселени во Газа поради интензивираните израелски напади

ХАМИЛТОН (АА) - ОН вчера известија за нагло зголемување на масовното раселување низ Појасот Газа, поради интензивираните израелски напади, истакнувајќи ги растечките пречки за испорака на хуманитарна помош, јавува Анадолу.

Повикувајќи се на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA), портпаролот на ОН, Фархан Хак, на прес-конференција изјави дека „израелските операции, вклучувајќи гранатирање и воздушни напади, продолжиле низ целиот Појас“.

Тој рече дека OCHA „нè потсетува дека на ОН и на нашите партнери не им е дозволено да донесат никаква помош во храна од преминот Зиким во северна Газа повеќе од две недели, поради тековните непријателства и уништување“. Додека многумина остануваат во градот Газа и на север, „многу други продолжуваат да бегаат кон југ“, додаде тој.

Во неделата, партнерите регистрираа „речиси 6.900 раселувања од север кон југ преку четири точки за следење“, рече Хак.

„Вкупно, помеѓу средината на август и вчера, низ Појасот Газа беа пријавени речиси 453.000 раселени лица, при што мнозинството потекнуваат од градот Газа“, додаде тој.

Тој предупреди дека луѓето бараат засолниште „во области кои се преполни и им недостасуваат основни услуги“, додавајќи дека „само 18 % од Појасот Газа моментално не е предмет на наредби за раселување или се наоѓа во милитаризирани зони“.

И покрај напорите да се достави помош, Хак рече дека „повеќе од 40 % од хуманитарните мисии што бараа координација со израелската војска биле одбиени.

Велејќи дека од Карим Шалом е собрано гориво и дека медицински материјали се дистрибуирани во Деир ал Бала, тој рече дека водоснабдувањето продолжува да биде одбиено.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın