свет

ОН: „Постапките на САД, Русија, сирискиот режим и СДГ би можеле да претставуваат воени злосторства"

Комисијата на Обединетите нации објави опсежен извештај во кој се многу детално истражени кршењата на човековите права во Сирија која е погодена од војна, а исто така изнесува и бројни примери за извршени воени злосторства во таа земја

Bayram Altuğ  | 11.09.2019 - Обновена : 12.09.2019
ОН: „Постапките на САД, Русија, сирискиот режим и СДГ би можеле да претставуваат воени злосторства"

ЖЕНЕВА (AA) - Истражната комисија на Обединетите нации (ОН) за Сирија соопшти дека постапките на Русија, сирискиот режим, коалицијата под водство на САД во Сирија и терористичката група ЈПГ/ПКК би можеле да претставуваат воени злосторства, јавува Anadolu Agency (AA).

Комисијата на Обединетите нации објави опсежен извештај во кој се многу детално истражени кршењата на човековите права во Сирија која е погодена од војна, а исто така изнесува и бројни примери за извршени воени злосторства во таа земја.

Во извештајот од почетокот на годината до јули се собрани значителни податоци врз основа на околу 300 разговори, сателитски снимки и фото и видео-анализи.

Во документот се наведува дека коалициските сили предводени од САД не преземаат никакви мерки за да за време на воздушните напади разликуваат цивили и воени позиции.

Се додадва дека постојат индикатори кои јасно покажуват дека коалициските сили не ги насочиле своите напади директно на воените позиции и се напоменува дека нападите на коалицијата под водство на САД предизвикале смрт или ранување на многу цивили поради што таквите постапки би можеле да претставуваат воени злосторства.

- Напади врз Идлиб

Во извештајот на Истражната комисија на ОН се наведува дека во воздушните напади на сирискиот режим и руските авиони на подрачјето на Идлиб во последно време се погодени и здравствени установи, училишта, пазари и обработливи подрачја, поради што овие напади исто така би можеле да претставуваат вони злосторства.

Се напоменува дека сирискиот режим и нивните помагачи системски целат на здравствени установи и дека таквите намерни напади врз здравствените работници би можеле да бидат третирани како воени злосторства.

- Нападите на ЈПГ/ПКК

По претставување на извештајот во седиштето на ОН во Женева, Хани Мегали, член на Истражната комисија на ОН за Сирија, на новинарите им рече дека и постапките на ЈПГ/ПКК, сириски огранок на терористичката организација ПКК, би можеле да претставуваат воено злосторство.

„Во овој извештај споменавме и некои случаи на можни воени злосторства кои ги извршиле коалициските сили и СДГ. Мислам дека и во претходните години ги документиравме овие прашања", рече Мегали.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın