Mahmoud Mohamed Barakat
11 Октомври 2023•Ажурирај: 12 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Во израелските воздушни напади на Појасот Газа, раселени се повеќе од 260.000 Палестинци, соопшти денес хуманитарната канцеларија на ОН, пренесува Анадолу.
„Се верува дека над 263.934 луѓе во Газа ги напуштиле своите домови“, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Постои загриженост дека бројот на раселените Палестинци во Газа ќе се зголеми поради континуираните израелски воздушни напади и ракетните напади на Хамас.
Ситуацијата ескалира во Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас врз израелските градови во близина на приморската територија. Израел возврати со масовни воздушни напади на Газа и ја стави енклавата под целосна блокада.
Во насилствата досега загинаа околу 2.100 луѓе, меѓу кои најмалку 900 Палестинци и 1.200 Израелци.
Израел, исто така, го прекина снабдувањето со вода и електрична енергија во Газа, со што се влоши и онака лошата хуманитарна ситуација на тие простори.
Појасот Газа, кој е дом на речиси 2,2 милиони луѓе, од 2007 година се наоѓа под израелска блокада.
Во меѓувреме, Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) доцна во вторникот соопшти дека повеќе од 175.000 луѓе во Газа се засолниле во 88 нејзини училишта.
Во соопштението на Агенцијата на ОН се наведвуа: „88 наши училишта во Појасот Газа се претворија во засолништа за повеќе од 175.000 луѓе“.
Агенцијата наведува дека бројките се зголемуваат поради континуираните израелски воздушни напади.