Betül Yürük
04 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
ЊУЈОРК
Кристин Шанер Бургенер, специјалната претставничка на Обединетите нации (ОН) за Мјанмар, потврди дека само денес 38 луѓе се убиени на демонстрациите против пучот во таа земја, додека вкупно смртно страдаа повеќе од 50 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бургенер на конференцијата за новинари порача дека денешниот ден е најкривав ден од пучот во Мјанмар.
„Само денес починаа 38 луѓе. Вкупно повеќе од 50 луѓе ги изгубија животите, а многумина се повредени", рече Бургенер.
Потврди исто така дека во текот на демонстрациите досега се уапсени најмалку 1.200 лица и ја повика меѓународната заедница да се обедини и да се спротивстави на пучот во Мјанмар.
Коментирајќи ги пораките на Кина и Русија дека пучот во Мјанмар е она што се случи по него е внатрешно прашање на таа земја, Бургенер порача: „Ова не е внатрешно прашање и влијае на стабилноста во регионот. Се надевам дека Кина и Русија ја сфаќаат важноста на единството во тој поглед."
Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане во петок за да разговараат за пучот во Мјанмар и настаните по пучот.
Мјанмарската војска на 1 февруаи оваа година изведе удар и ја презеде власта во таа земја под изговор дека ноемвриските избори биле нерегуларни.
Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси челниците на владата, вклучувајќи ја и мјанмарската лидерка Аунг Сан су Кји. Масовните антипучистички протести почнаа на 6 февруари.
Обединетите нации, ЕУ и бројни земји, како Турција, САД, Канада и Велика Британија најостро го осудија воениот удар во Мјанмар.