Zekeriya el-Kemali,Hacer Başer
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
САНА (АА) - Координаторот на Обединетите нации (ОН) за Јемен, Џејми Мек Голдрик, изјави дека поради интензивираните напади во последните неколку денови, хуманитарната ситуација во таа земја е влошена и дека мета на напади претставуваат болниците и училиштата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Хуманитарната ситуација е влошена. Невини луѓе, жени и деца претпреа штета”, се наведува во напишаното соопштение на Мек Голдрик.
Во соопштението се истакнува дека и медицинските екипи биле мета на напади.
„Според меѓународните договори за човекови права забрането е да се напаѓаат медицинските установи. Овие напади го загрозуваат животот на милиони луѓе кои чекаат помош”, изјави Мек Голдринг и додаде дека покрај тешките услови во Јемен се настојува да се испрати помош на загрозеното население.
Официјално лице на ОН истакна дека потребите на луѓето во Јемен се поголеми од капацитетите на установите кои делуваат во таа земја, при што ја повика меѓународната заедница да пружи поддршка и да им помогне на Јеменците.
Претходно од организацијата Лекари без граници (МСФ) е соопштено дека по воздушните напади на болницата Абес во Хајах е донесена одлука за повлекување на екипите од болницата во тоа место и Сади.
Во воздушниот напад на 15-ти август на болницата Абес, загинаа 19 а ранети беа 24 лица. Меѓу загинатите се наоѓал и шпанскиот лекар од МСФ.