свет

ОН: „Зголемениот број напади во Идлиб, доведува до цивилни жртви"

Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет, во писмената изјава ја потенцираше состојбата на цивилите што се наоѓаат во Идлиб и во областите под контрола на терористичката ЈПГ/ПКК.

Bayram Altuğ  | 19.02.2019 - Обновена : 19.02.2019
ОН: „Зголемениот број напади во Идлиб, доведува до цивилни жртви"

Geneve

ЖЕНЕВА (АА) – Високиот комесар на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Мишел Бачелет, изјави дека зголемениот број напади во Идлиб, Сирија, доведува до цивилни жртви, и дека терористичката организација ЈПК/ПКК, која го користи името СДГ, ја ограничува слободата на раселените лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет, во писмената изјава ја потенцираше состојбата на цивилите што се наоѓаат во Идлиб и во областите под контрола на терористичката ЈПГ/ПКК.

„Цивилите од различни страни се користат како пиони. Ги повикувам страните да обезбедат безбедно место за цивилите кои сакаат да избегаат, додека цивилите што ќе останат, да бидат заштитени“, рече Бачелет, поканувајќи ги сите страни во конфликтот да ги заштитат цивилите во рамките на меѓународното право.

Бачелет истакна дека бомбардирањето кое започна во декември 2018 година во „демилитаризираната тампон-зона“, која припаѓа во Идлиб, Хама, и во западниот регион на Алепо, последните неколку дена е во пораст. Таа, исто така наведе дека интензивирани се внатрешните конфликти меѓу екстремистичките групи на Тахрир ел Шам и „надворешните актери“.

„Во Идлиб и во северниот дел на Алепо, голем број цивили, вклучувајќи ги и стотици илјади раселени лица, живеат неподнослив живот“, истакна Бачелет, додавајќи дека цивилите во регионот се заробени меѓу два огна.

Бачелет предупреди дека неодамнешните напади на режимот и неговите поддржувачи во Идлиб и серијата напади од страна на „надворешните актери“ во регионот, ги оставија милиони цивили во лоша ситуација.

Мишел Бачелет, исто така истакна дека се загрижени за животите на околу 20.000 цивили, кои, бегајќи од регионите контролирани од терористиччката организација ДАЕШ во источниот дел на Деир ез Зор, се раселени во привремените кампови под контрола на една друга терористичка организација, ЈПГ/ПКК.

„СДГ, не дозволувајќи на околу 20.000 раселени цивили да ги напуштат камповите, им ја скратува нивната слобода“, рече Бачелет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın