Mahmut Atanur
19 Февруари 2019•Ажурирај: 20 Февруари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Лавата од активниот вулкан Мерапи во Индонезија привлекува голем број туристи во подрачјето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Република“ јави дека во последно време бројот на туристи, кои доаѓаат за да го видат излегувањето на лавата од вулканот, сѐ повеќе расте.
Сѐ поголема е побарувачката за ноќните, но и за турите во раните утрински часови, со кои посетителите можат од одредена далечина да ја набљудуваат активноста на вулканот и да добијат информации за него од стручните водичи.
Водичите, воедно се и волонтери за вонредни состојби, кои им ги даваат најновите информации на надлежните органи за активноста на вулканот.
Мерапи е еден од активните вулкани во земјата и е висок 2.968 метри. Во ерупцијата на вулканот во 2010 година смртно настрадаа 347 лица.