Muhammed Semiz
26 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
АДЕН (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека 9 милиони луѓе во Јемен се негативно погодени поради тоа што програмите за хуманитарна помош се прекинати поради недостиг на финансии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Координативната канцеларија на ОН за хуманитарни работи во Јемен.
Во соопштението се нагласува дека војната, која веќе 6 години трае во земјата, предизвика глад, болести и силна економска криза, и дека хуманитарниот фонд достигна до најниското ниво во последните 10 години.
Лиз Гранде, координаторката на ОН за хуманитарни работи во Јемен, во средата истакна дека биле принудени да стават крај на 15 од вкупно 45 хуманитарни програми на ОН во Јемен, и дека доколку не се даде финансиска поддршка, и останатите 30 програми исто така не ќе можат да вршат услуги.
Гранде информира дека оваа година се собрани само 1 милијарда долари од вкупно 3,2 милијарди долари, колку што ОН побараа за помош во Јемен.
Според ОН, во Јемен, каде што се случува една од најголемите хуманитарни кризи во светот, 80 отсто од населението има потреба од помош и заштита.