свет

ОН ги негираа манипулациите на ЈПГ/ПКК за користење хемиско оружје од страна на Турција

Профилите на социјалните мрежи блиски со терористичката организација се обидоа да манипулираат со лажни фотографии против операцијата „Извор на мирот“, тврдејќи дека било користено хемиско оружје...

Bayram Altuğ  | 18.10.2019 - Обновена : 19.10.2019
ОН ги негираа манипулациите на ЈПГ/ПКК за користење хемиско оружје од страна на Турција

ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролката на Канцеларијата на високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (OHCHR), Равина Шамдасани, ги негираше тврдењата на терористичката организација ЈПГ/ПКК дека Турција „користела хемиско оружје“ во операцијата „Извор на мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).

Профилите на социјалните мрежи блиски со терористичката организација се обидоа да манипулираат со лажни фотографии против операцијата „Извор на мирот“, тврдејќи дека било користено хемиско оружје во операцијата.

Шамдасани даде изјава за АА во врска со пропагандата на терористичката организација ЈПГ/ПКК за оцрнување на операцијата „Извор на мирот“.

Што се однесува до тврдењата дека Турските вооружени сили (ТСК) користеле хемиско оружје, таа рече дека досега како Висок комесаријат за човекови права на Обединетите нации не добиле таква информација.

Осврнувајќи се на договорот постигнат меѓу Турција и САД за североисточниот дел на Сирија, Шамдасани нагласи дека се задоволни од тоа што проблемот во регионот се решава преку дијалог и мир.

Од друга страна, портпаролот на Светската здравствена организација (WHO), Тарик Јашаревич, на прес-конференцијата одржана во канцеларијата на ОН во Женева, по упорните прашања на новинарката на „Ал Џезира“ (Al Jazeera), Барбара Бибо, во врска со тоа дека „Турција користела хемиско оружје против ЈПГ/ПКК“, истакна дека СЗО нема информации во тој правец.

„Добиваме информации дека терористичката организација ќе користи хемиско оружје и создавајќи таква перцепција, вината ќе ја префрли врз нашите вооружени сили. Секој го знае фактот дека во инвентарот на ТСК нема хемиско оружје“, рече вчера министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın