свет

Европските лидери сакаат да се состанат со Ердоган

Макрон по Самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел одржа прес-конференција

Yusuf Özcan  | 18.10.2019 - Обновена : 19.10.2019
Европските лидери сакаат да се состанат со Ердоган

ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Борис Џонсон донеле одлука во наредните недели да остварат средба со турскиот претседател,Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).

Макрон по Самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел одржа прес-конференција на која нагласи дека новиот Договор за Брегзит треба да се ратификува во Парламентот на Велика Британија и во Европскиот парламент.

Тој рече дека не е најден заеднички став во врска со евро-буџетот.

„Донесовме заедничка одлука во врска со Турција. Ја запревме трговијата со оружје кон Турција. Заедно со Меркел и Џонсон донесовме одлука во наредните недели да се состанеме со претседателот Ердоган. Најверојатно ќе се состанеме во Лондон“, додаде тој.

Макрон истакна дека во случај британскиот Парламент да го одбие новиот Договор за Брегзит, не треба да се дава дополнителен рок.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.