Ekip
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Франсоа Оланд вети дека ќе биде затворен мигрантскиот камп во Париз, откако властите на неговата земја раселиле ооколу 5,000 мигранти од кампот во градот Кале во рамките на борбата против мигрантската криза, пренесува Anadolu Agency (АА).
Оланд се сретна со мигрантите кои се донесени од Кале денес во прифатниот центар во Дуе ла Фонтен, западниот дел на Франција.
„Не можеме да ги толерираме камповите” , изјави Оланд, нарекувајќи ги камповите „недостојни” за Франција. Тој додаде дека и последниот камп во Париз ќе биде исто така евакуиран.
Околу 1.500 малолетни мигранти останаа во Кале во посебно засолниште, и Оланд ги повика британските власти да го направат својот дел за тие да бидат сместени во Велика Британија.
Кале е магнет за мигрантите од Блискиот исток и од Африка кои настојуваат да дојдат во Велика Британија, и стана еден од главните симболи на европската мигрантска криза.