Zekeriya el-Kemali,Zeynep Hilal Karyağdı
30 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
САНА (АА) - Јеменскиот претседател Абд Рабух Мансур Хади го одби мировниот план предложен од страна на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Јемен, Исмаил Вилд Шеик Ахмед, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува јеменската агенција САБА, Хади остварил средба со Шеих Ахмед во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, и соопштил дека не го прифаќа мировниот план.
„Мислењата во наводниот мировен план, не се ништо друго, туку отворање на вратата за уште поголема војна и болка“, изјавил Хади, додавајќи:
„Ова не е мировен план. Ова не значи дека носи семе за нова војна, туку и во случај на негово прифаќање, пучистите ќе бидат наградени. Јеменскиот народ и легитимната влада ќе бидат казнети. Владата се изјасни дека такво нешто не сака да прифати“.
Хади, наводно го повикал Ахмед да ја сфати неопходноста на мировниот план, кој ќе подразбира целосно оневозможување на влијанието на пучистите, повлекување од окупираните територии и положување на оружјето.
Извори блиски на јеменскиот претседател и медиумите наведуваат дека мировниот план има за цел ограничување на овластувањата на претседателот Хади.