Gökhan Varan
21 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
АНКАРА (АА) – ЃОКХАН ВАРАН
Претседателот на Управниот одбор на Националниот совет на УНЕСКО за Турција, проф. д-р Алџал Огуз, истакна дека моментално во светот постојат околу 7.000 јазици и предупреди дека околу 2.500 од нив се соочуваат со ризик од изумирање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Огуз во изјавата за новинарот на АА по повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, рече дека од 62 меѓународни денови, прогласени од страна на УНЕСКО, пет се во врска со јазиците.
Тој нагласи дека во рамките на овој ден се организираат активности за заштита на културната разновидност, како и за привлекување внимание на јазичната разновидност и јазиците што се соочуваат со ризик од изумирање.
„Во светот постојат околу 7.000 јазици. 2.500 од нив се соочуваат со ризик од изумирање поради тоа што се намалува бројот на луѓето што ги зборуваат. Според статистиките и податоците, за жал, на секој 15 ден, еден од овие јазици изумира“, истакна тој.
„Во последните години постојано е зголемено загрозувањето и изумирањето на јазиците поради социјалните, политичките и економските промени во светот“, додаде Огуз.
Според него, поголемиот дел од јазиците што се во опасност се јазици што се зборуваат од помалку од 10.000 лица.
Тој рече дека е тешко да се најдат говорители на околу 200 јазици, и додаде: „Бројот на изумрените јазици од 1950 година е над 250.“