Ata Ufuk Şeker
20 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Своите работни обврски оддома ги изведуваат 5 отсто од државјаните на ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Европскиот завод за статистика (Еуростат) за 2017 година, наместо да одат на работа, 5 отсто од државјаните на ЕУ работат оддома.
За споменатиот период, земја со највисок процент на вработени кои работат оддома, меѓу 28-те земји членки на ЕУ е Холандија. Во Холандија, 13,7 отсто од вработените работните обврски ги извршуваат оддома. Со 12,7 отсто следува Луксембург, потоа Финска со 12,3 и Австрија со 9,5 отсто.
Земја со најмал процент на вработени, кои својата работа ја извршуваат оддома е Бугарија, со процент од само 0,3 отсто. Следува Романија со 0,4 и Грчката администрација во Јужен Кипар (ГАЈК), со 1,2 отсто.
Германија, која е земја со најголема економија во ЕУ, има 4,8 отсто од вработените кои работат оддома, Франција има 6,8 отсто, Англија 4 отсто, Италија 3,5 отсто и Шпанија, 4,3 отсто.
Процентот на жените во Европската Унија кои работните обврски ги извршуваат оддома изнесува 5,3 отсто, додека процентот на мажите кои работат оддома, 4,7 отсто.