Ahmet Dursun
02 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џевад Зариф, истакна дека неговата земја нема да започне војна, но ќе им одржи лекција на оние што го прават тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Зариф преку социјалната мрежа Твитер му одговори на американскиот претседател, Доналд Трамп, којшто го обвини Иран дека планира преку своите прокси сили да изврши напад врз американските сили во Ирак, тврдејќи дека Трамп се обидува да направи погрешни мислења во врска со Иран.
Зариф изјави дека Иран има пријатели, а не прокси сили, и обраќајќи му се на претседателот на САД рече: „Доналд Трамп, како и вообичаено, повторно прави погрешни насочувања. Никој не може да поседува милионска прокси моќ.“
Зариф во пораката објавена на социјалната мрежа ја даде следната изјава:
„За разлика од САД кои мамат во тајност, кажуваат лаги и организираат атентати, Иран дејствува само за да се одбрани. Иран не започува никаква војна, но им дава лекции на оние што го прават тоа.“
Вчера претседателот на САД на социјалната мрежа Твитер напиша: „Имам сознанија и уверување дека Иран или неговите милитанти планираат подол напад врз американските трупи и бази во Ирак.“
Трамп порача дека Соединетите Американски Држави (САД) жестоко ќе одговорат во случај на каков било напад.
„Ако се случи таков напад, Иран скапо ќе плати за тоа, и тоа како ќе плати“, се закани Трамп, но не откри повеќе детали за информациите што ги има во врска со тој случај.
Одлуката на САД да не ги олеснува санкциите врз Иран во време на пандемијата на Ковид-19, предизвика дебати во меѓународната јавност.