Ahmed Asmar
09 Јануари 2024•Ажурирај: 10 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври се искачи на 23.210, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека најмалку 59.167 Палестинци се повредени.
Израелските сили извршија 12 масакри врз палестински семејства низ енклавата во последните 24 часа, во кои загинаа 126 Палестинци, а 241 е повреден, нагласи Министерството.
Се наведува дека голем број жртви сѐ уште се под урнатините и на улиците бидејќи возилата на брза помош не можат да дојдат до нив поради немилосрдните израелски воздушни и копнени напади.
Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, со 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, со речиси два милиона раселени жители, а постои и сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Околу 1.200 луѓе се загинати во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.