Fuat Kabakcı
07 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Како последица на зараза со коронавирусот, во Кина починаа 637 лица, а заразени се 31.161, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија (NHC) соопшти дека бројот на починати од зараза со коронавирусот е зголемен на 637, од кои едно починато лице е од Хонгконг.
Во последните 24 часа починале 73 лица, додека забележани се 3.143 нови случаи на заразени.
Најмногу починати има во покраината Хубеи, чија бројка изнесува 69, а по едно лице почина во Џилин, Хенан, Гуангдонг и Хаинан.
За додатни 26.359 лица постои сомнеж дека се заразени, додека под надзор се вкупно 186.045 лица.
Од болница се отпуштени 1.540 лица.
Најмногу заразени има во Хубеи, 22.112.
Исто така, во Пекинг се заразени најмалку 274 лица, во Шангај 269, во Чонгкинг 411, а во Тианџин 79.