Mustafa Deveci
27 Октомври 2023•Ажурирај: 28 Октомври 2023
КУДС (АА) - Израелската војска соопшти дека денес три лица се повредени во ракетниот напад врз Тел Авив од блокираниот Појас Газа, пренесува Анадолу.
Во соопштението се вели дека поради ракетите истрелани од Газа во Тел Авив се огласиле сирените.
Во соопштението на израелската служба за итни случаи се наведува дека во нападот на куќата се повредени три лица, од кои две полесно.
Конфликтот во Газа почна на 7 октомври кога Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал Акса“ - повеќестран ненадеен напад, вклучително со зачестени ракетни лансирања и инфилтрации во Израел по копно, море и воздух.
Хамас соопшти дека нападот бил одмазда за нападот на џамијата „Ал Акса“ и насилството на израелските доселеници врз Палестинците.
Тогаш израелската Армија започна немилосрдно бомбардирање на Појасот Газа.
Во конфликтот загинаа најмалку 7.326 Палестинци и 1.400 Израелци.