Ekip
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
ЛОНДОН (АА) - Британскиот дневен весник „Гардијан“ објави истрага со снимки на кои се гледа масакрот што се случил во Тадамон, во близина на главниот град на Сирија, Дамаск, во април 2013 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Објавата е насловена „Масакр во Тадамон: како двајца универзитетски професори ловат сириски воен злосторник“, а е напишана од дописникот од Блискиот Исток, Мартин Чулов.
Тадамон е предградие јужно од Дамаск.
На снимките се гледа како групи цивили се собрани и испратени кон јама за егзекуција, каде што се застрелани.
Британскиот весник објави дека масовната гробница содржела најмалку 41 тело од масакрот.
Телата потоа биле полиени со гориво и запалени.
На видеоснимката се слушаат војници како се смеат.
Масакрот се случил на само неколку милји од седиштето на сирискиот претседател Башар ал Асад.