свет

Објавена снимка: Американската војска и ЈПГ/ПКК ги обучувале терористите во Сирија

Anadolu Agency на почетокот на септември објави вест дека силите на САД и ЈПГ/ПКК во изминатите неколку месеци извршиле обука на околу 700 терористи, меѓу кои поголемиот дел Арапи

Selen Temizer  | 12.09.2019 - Обновена : 13.09.2019
Објавена снимка: Американската војска и ЈПГ/ПКК ги обучувале терористите во Сирија

АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Соединетите Американски Држави (САД) на социјалните мрежи објавија видеоснимка од обука, која во соработка со партнерската организација ЈПГ/ПКК ја организирале за терористите во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Здружените сили - Операција „Непоколеблива решителност“ (CJTFOIR), кои САД ги предводат во борбата против терористичката организација ДЕАШ во Сирија, на социјалната мрежа Твитер објавија снимка од обуката која ја пружале на терористите.

„Командосите на 3 август исчистија една просторија во Сирија. Здружените сили - Операција „Непоколеблива решителност“ на САД во Сирија, дел од летната обука извршија во воени операции во урбани средини“, се наведува во пораката објавена со видеото.

Истите пораки и снимки се објавени и на социјалните мрежи на терористичката организација ЈПГ/ПКК која се претставува под називот на таканаречени „Сириски демократски сили“ СДГ.

Anadolu Agency на почетокот на септември објави вест дека силите на САД и ЈПГ/ПКК во изминатите неколку месеци извршиле обука на околу 700 терористи, меѓу кои поголемиот дел се Арапи.

Претходно тие обуки се вршени во пограничните места Ајн Иса и Тел Абјад, но по постигнатиот турско-американски договор за воспоставување на безбедносна зона, тие обуки се преместени во камповите кои се подалеку од границата.

Речиси 700 терористи кои ја поминаа обуката ова лето пристапија во редовите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а американските воени советници ги обучуваа во камповите во покраините Хасека, Рака и Табка. За идеолошката и моралната обука беа задолжени терористите на ЈПГ/ПКК.

Од Командата на силите на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) е соопштено дека се вршат обуки за внатрешна безбедност, откривање и деактивирање на експлозивни направи и борба против тероризам.

Во 18 воени бази и точки во Сирија се наоѓаат 2.000 американски војници. САД од 2015 година извршуваат операции против терористичката организација ДЕАШ. Под плаштот на партнерство во таа борба, САД воено ѝ помагаат на терористичката група ЈПГ која е сириски огранок на терористичката организација ПКК.

Терористите на ЈПГ/ПКК моментално под окупација ги држат североисточните делови на Сирија, кои сочинуваат вкупно третина од територијата на таа земја. Американските сили им пружаат и логистичка поддршка и обука.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın