Şerife Çetin
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Портпаролот на белгиското Федерално обвинителство, Ерик ван дер Сипт, изјави дека убиениот напаѓач во синоќешниот инцидент на железничката станица во Брисел делувал самостојно, јавува Adanodu Agency (AA).
Полицијата изврши претрес на стан во населбата Моленбек, каде што живеел и напаѓачот, а случајот полицијата го третира како терористички напад.Од обвинителството тврдат дека истрагата покажала оти синоќешниот инцидент е дело на 36-годишен маж по потекло од Мароко (О.З.) и дека напаѓачот немал соучесници во инцидентот, поради кој синоќа беше евакуирана железничката станица во центарот на Брисел.
Сипт рече дека напаѓачот синоќа дошол на железничката станица со куфер во кој имало две боци за гас и шајки, почнал да вика и го активирал експлозивот во куферот. Потоа куферот се запалил, а потоа одекна уште една експлозија. Напаѓачот веќе се симнал на перонот на станицата, каде што тргнал кон еден војник кој го уби со истрели од огнено оружје.
Полицијата изврши претрес во стан во населбата Моленбек, каде што живеел напаѓачот, а случајот полицијата го третира како терористички напад.
Белгиската новинската агенција „Belgа“ (Белга) претходно јави дека напаѓачот имал полициско досие за сексуална злоупотреба.
Во март минатата година, во терористички напад на аеродромот и метро-станица во Брисел загинаа најмалку 34 лица, и од тогаш нивото на ризикот од тероризам во земјата е подигнато на трето ниво и во сила стапија зајакнати безбедносни мерки.