İbrahim Khazen,Hamdi Yıldız
20 Февруари 2023•Ажурирај: 21 Февруари 2023
АБУ ДАБИ (АА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека со вкупно 118 авиони превезле помош собрана за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија, пренесува Анадолу.
Новинската агенција ВАМ наведува дека се испорачани 3.375 тони храна, медицински материјали и шатори со вкупно 118 авиони, од кои 42 за Туркије и 76 за Сирија.
Помошта беше доставена во рамките на хуманитарната операција покрената по наредба на претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, за поддршка на областите погодени од земјотресот во Туркије и Сирија.
Собрани се и околу 111 милиони долари донации за настраданите од земјотресите во Туркије и Сирија.