Davut Çolak
23 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
КОПЕНХАГЕН (АА) - Норвешка ќе позајми дози од вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека на Шведска и Исланд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за јавно здравје соопшти дека во складиштата се ноѓаат 216.000 дози од вакцина на АстраЗенека.
Рокот на траење на вакцината е до јуни и јули.
Во соопштението се наведува дека на Шведска ќе ѝ бидат позајмени 200.000 дози, на Исланд 16.000. Исто така, постои можност вакцините да можат брзо да бидат вратени во посакуваниот период.