Mücahit Oktay
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Џо Бајден, новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), го истегнал стапалото додека си играл со своето куче во сојузната државата Делавер, во рамките на прославата на Денот на благодарноста, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено од тимот на Бајден се наведува дека во саботата, додека Бајден си играл со своето куче, ја изгубил рамнотежата и го повредил десното стапало, но дека на направената рендгенска снимка немало некоја очигледна фрактура.
„Новоизбраниот претседател Џо Бајден го истегна десното стапало. Првите рендгенски снимки уверуваат дека нема очигледна фрактура. Сепак, ќе се направи дополнителна компјутерска томографија за подетални снимки“, рече Кевин О'Конор, докторот на Бајден.
Џо Бајден, кој има 78 години, е најстариот избран претседател на Соединетите Американски Држави. Тој и неговата сопруга Џил Бајден имаат две кучиња од расата германски овчар по име Мејџор и Чемп.