Mücahit Oktay
15 Март 2022•Ажурирај: 16 Март 2022
ЊУЈОРК (АА) - Дописникот на американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“ е повреден додека известувал од зоната на судирите во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
ТВ-каналот соопшти дека воениот дописник Бенџамин Хол се здобил со повреди додека работел во зоната на судири во Украина.
Се вели дека Хол, кој е со британско потекло, се наоѓал во опасна зона од безбедносен аспект надвор од украинскиот главен град Киев.
Спикерот на „Фокс њуз“ веста за повредата на Хол со јавноста ја сподели со следниот израз: „Вести што мразиме да ги пренесеме“, а потоа истакна дека имаат многу малку детали за случајот.
Според соопштеното, Хол бил пренесен во болница, додека неговата здравствена состојба е неизвесна.