Mohamad Misto,Selen Temizer
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
РАКА/АНКАРА (АА) - Локалното население бара од терористичката организација ЈПГ/ПКК да ја напушти Рака и да заврши неговата окупација. Синоќа локална бунтовничка група се судри со терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера цивилите протестираа во центарот на Рака со барање за повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од градот во кој доминантна е арапската етничка заедница.
Паралелно со тоа, локалната арапска вооружена група Револуционерите на Рака (Suvvar al-Rakka) синоќа во центарот на градот се судри со терористите на ЈПГ/ПКК кои под опсада ги ставија сите енклави во градот, контролирани од арапските борци.
Репортерот на АА од терен јавува дека синоќешниот судир е само потврда на незадоволството на локалните арапски борци.
Рака од средината на 2014 година до октомври минатата година се сметаше за најголема тврдина на терористичката организација ДЕАШ во Сирија, а потоа ја окупираа терористите на ЈПГ/ПКК кои во таа операција ги поддржа САД.
За време на американските воздушни напади градот целосно е разорен, а терористите на ЈПГ/ПКК на преостаните цивили не им даваат никакви услуги и хуманитарната криза секој ден е сè поголема.
Локалните арапски борци во тек на окупацијата беа принудени да соработуваат со терористите на ЈПГ/ПКК, а во последните неколку недели сè погласно го изразуваат незадоволството од ситуацијата во градот.
САД поддршката на терористите на ЈПГ/ПКК им ја дава под плаштот на поддршката на таканаречената коалиција на Сириските демократски сили (SDF) во која терористите на ЈПГ/ПКК се доминантна група, а Арапите, Туркмените и другите локални заедници се само симболично застапени.