Seyit Aydoğan
03 Февруари 2017•Ажурирај: 04 Февруари 2017
МОНТРЕАЛ (АА) – Во градот Монтреал, во Канада се случи уште еден напад врз џамија, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на погребот на тројца од шестмината загинати муслимани во терористичкиот напад во градот Квебек од минатата недела, во регионот Поен-Сен Шарл во Монтреал, засега непознато лице, или лица извршиле напад со камења врз џамијата „Исламски центар Кадија масџид“.
Според соопштението од полицијата во Монтреал, пред неколку дена на влезот од џамијата со спреј во боја биле испишани зборови, а на објектот биле фрлани и јајца. По вчерашниот напад, полицијата соопшти дека прозорите на џамијата се скршени и оти е започната истрага во врска со настанот.
Управителот на исламскиот центар, Асик Ахмад изјави: „Ситуацијата не ја сметавме за сериозна, сѐ додека во последниот напад не ги скршија прозорците. Последниот напад беше вистински вандализам“. Изразувајќи ја својата шокираност од нападот што се случи по оној во Квебек Сити, каде што загинаа 6 муслимани, Ахмад рече: „Не знам што ќе се случува понатаму. Дали е ова крај или пак почеток? Шокиран сум и искрено, се плашиме“.
Ќерката на Асик Ахмад, Фатма Ахмад вели: „Можам да забележам оти не се гледа дека омразата ќе заврши“.
Од друга страна пак, и покрај тоа што полицијата во Монтреал, во покраината Квебек, по нападот во Квебек Сити соопшти дека се преземени безбедносни мерки околу џамиите и сите месџиди (места за молење), сепак нападот врз Исламскиот центар Кадија масџид е загрижувачки.