Ahmet Gürhan Kartal
09 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
ЛОНДОН (АА) - Тројца истакнати научници се закитија со Нобеловата награда од областа на хемијата за 2019 година поради „развојот на литиум-јонски батерии“, соопшти денеска Советот за доделување на Нобелова награда, јавува Anadolu Agency (AA).
„Џон Б. Гудинаф, М. Стенли Витингам и Акира Јошино ја освоија Нобеловата награда во областа хемија“, изјави на прес-конференцијата генералниот секретар на Кралската шведска академија за науки, Горан Хaнсон.
Гудинаф (96) е најстариот научник добитник на Нобелова награда во историјата.
Литиум-јонските батерии се познати како први лесни батерии. Тие широко се користат во преносните електронски уреди, како што се мобилните телефони и пејсмејкерите.
По доделувањето на Нобеловата награда за хемија, утре ќе биде познат и добитникот на Нобеловата награда за книжевност, а в петок ќе биде доделена Нобеловата награда за мир.
Исто така, в понеделник Академијата ќе го прогласи и добитникот на Нобелова награда во областа на економските науки.
Оваа година ќе бидат доделени две Нобелови награди за книжевност, бидејќи минатата година беше суспендирана откако Шведската академија ја потресе скандал.