Vesna Besiç
17 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Српскиот претседател Томислав Николиќ се сретна во Техеран со претседателот на Исламската Република Иран, Хасан Рухани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во отворен и пријателски разговор двајцата претседатели се согласија дека по укинувањето на санкциите против Иран, веќе нема да има пречка за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Николиќ и Рохани заклучија дека за Србија и Иран значајна соработка ќе има во областа на енергетиката и земјоделството, а Рухани истакна дека Иран е заинтересиран и за соработка во областа на туризмот.
Николиќ денеска ќе се сретне со потпретседателот на Иран задолжен за развој на науката и технологијата, а ќе присуствува и на отворањето на петтиот меѓународен Симпозиум на Светската федерација на неврохируршки здруженија.